понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јанг на Солскјер му рекол дека сака да си оди од Јунајтед

Јанг на Солскјер му рекол дека сака да си оди од Јунајтед

Ешли Јанг, се чини, дека мисли само на трансфер во Интер. Веста од пред два дена дека „нероазурите“ се заинтересирани за негов ангажман го запалија алармот на „Олд Трафорд“.

Јунајтед не сака да се откаже од Јанг иако нивниот меѓусебен договор е со важност до крај на оваа сезона. Но, ако се суди според однесувањето на фудбалерот, може да се заклучи дека не тој не се гледа повеќе во составот на англискиот гигант.

На понудата на Интер за 18 месечна соработка, експресно реагираа во Манчестер јунајтед чиј извршен директор, Ед Вудворд му понуди продолжување на договорот до наредното лето. Меѓутоа, Јанг го одби во стилот „доцна се сетивте“ и со дополнение дека му кажал на Оле Гунар Солскјер за желбата за заминување од клубот.