среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Од овие детали од полицискиот исказ на вдовицата Цеца ќе се наежите: Пробав да го реанимира Аркан, а од устата со раце му вадев крв!

Од овие детали од полицискиот исказ на вдовицата Цеца ќе се наежите: Пробав да го реанимира Аркан, а од устата со раце му вадев крв!

Денеска се навршуваат 20 години од убиството на сопругот на Цеца Жељко Ражнатовиќ Аркан.

По тој повод српските медиуми денеска на големо се потсетуваат на кобните моменти кои ги преживеала пејачката која била на лице место на настанот.

Според исказот на вдовицата Цеца во полицијата во 2000-та година таа детално раскажала за се што се случило на 15 јануари, а од овие зборови многумина и денеска кога ќе ги прочитаат се вознемируваат.

-По доаѓањето во хотелот сите отидовме во бутикот „Ла Франс“, а половина час подоцна Жељко излезе да го пронајде пријателот Манда. Повремено со сестра ми ги шетавме бутиците покрај хотелот во кој седеше Жељко со Манда и Гариќ. Во еден момент покрај него седеше и Бранко Јевтовиќ- Јорга, а кога дојдов јас него го немаше. Седев малку до сопругот и повторно отидов во „Ла Франс“, раскажала пред полицијата Цеца.

-Во еден момент во бутикот дотрча Звонко Матеовиќ и ми го побара да му го дадам пиштолот бидејќи тој ги потрошил сите куршуми од својот пиштол. Му го дадов мојот пиштол, а тој не испукал ниту еден куршум. Некој жени ми забранија да излезам од бутикот, а Звонко викаше: „Убиен е командантот“. Собрав сила да излезам од бутикот  и дотрчав до сопругот. Гариќ беше на подот, Жељко крвареше, се обидов да го реанимирам. Видов дека Манда е на лице место мртов. Врискав на цел глас некој да викне брза помош додека на Жељко од устата му вадев крв, стои во полицискиот исказ на вдовицата на Аркан.

Цеца понатаму на полицијата и раскажала дека Аркан го фатила под пазувите за едната рака, а Звонко за другата рака, додека нејзината сестра Лидија го фатила за нозете. Едвај го изнесовме од кружната врата. Го сместивме ви белиот полициски џип, но еден полицаец ни рече дека нема дозвола од старешината да го вози автомобилот, па еден човек се понуди со неговото БМВ да го пренесеме Жељко во болница.

Најнови вести