сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на починати од коронавирусот го надмина бројот на жртвите од САРС, заболени над 17.300 лица во 27 земји

Бројот на починати од коронавирусот го надмина бројот на жртвите од САРС, заболени над 17.300 лица во 27 земји

Бројот на жртви од коронавирусот порасна на 362, со што е надминат бројот на жртви од САРС во Кина од 2003 година.

Тогаш од САРС во Кина починаа 349 лица, јавува Си-Ен-Ен.

Бројот на заболени од коронавирусот се зголеми и во моментов ширум светот заболени се над 17.300 лица.

Како што се наведува, вирусот е проширен во 27 земји, а бројни држави и натаму ги евакуираат своите граѓани. Во САД се регистрирани 11 случаи на коронавирусот, а евакуацијата на американските државани е одложена од непознати причини.

Евакуираните од Кина, државјани на други земки, меѓу кои се наоѓа и една македонска државјанка, се во Франција каде ќе поминат 14 дена во карантин, по што ќе бидат транспортирани кон матичните земји.