Пациент заразен од коронавирусот во италијанскиот град Падова почина, со што стана прва жртва на ковид-19 во Италија.
Како што објавија италијанските медиуми, претходно е соопштено дека вчера биле регистрирани вкупно 15 случаи на заразени од коронавирус во регионот Ломбардија, како и два во Венето.
Лицето кое почина од коронавирус во Падова било на 78-годишна возраст.