вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нов смртен случај од коронавирус во Италија, вкупно четири жртви

Нов смртен случај од коронавирус во Италија, вкупно четири жртви

Во Италија уште едно лице почина од новиот коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергам и имал хронични болести.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија.