понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел сги повика граѓаните да избегнуваат патувања во странство поради Ковид-19

Израел сги повика граѓаните да избегнуваат патувања во странство поради Ковид-19

Израелското Министерство за здравство ги повика граѓаните на таа држава сериозно да размислат дали да се воздржат од патување во странство, додека државата се обидува да се изолира од новиот коронавирус што брзо се шири.

„Ако навистина не мора да патувате во странство, не правете го тоа“, се вели во соопштение на Министерството.

Со тоа, Израел стана првата држава што ги повика своите граѓани целосно да се откажат од патувањето во странство заради заразата што се појави во Кина во декември.