петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПРЕДИЗВИКОТ НА НОВА МИГРАНТСКА КРИЗА

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПРЕДИЗВИКОТ НА НОВА МИГРАНТСКА КРИЗА

Македонија со бегалски кризи во својата историја се соочувала повеќе пати од нејзинотото осамостојување како држава, почнувајќи од бегалската криза поттикната од конфликтот во Босна и Херцеговина, потоа бегалската криза од конфликтот во Косово, како и последната бегалска криза од конфликтот во Арапските замји. Најблиска ни е бегалската криза од конфликтот во Арапските земји која започна во јуни 2015 година чиј интензититет започна да опаѓа по март 2016 година, но истата не застана тука. Во јуни 2016 година таканарачената „балканска рута“ беше затворена и голем број на бегалци останаа во Турција. Протокот на бегалци од Турција кои ја користеа „балканската рута“ после јуни 2016 година беше мал. Но во последниве денови преку медиумите дознаваме
дека повторно не очекува голем наплив на бегалци кои од Турција се упатуваат кон „балканската рута“ што посочува на нов бегалски предизвик со кој Македонија треба да се соочи. Во периодот додека траеше последната бегалска криза (јуни 2015 година

– март 2016 година) во државата се регистрирани 477 856 илјади бегалци од кои 1455 поднеле барање за остварување на правото на азил во државата. Во најголемиот дел од бегалците кои поднеле барање за остварување право на азил не се задржале на територијата на Македонија подолго од 30 дена, додека пак останатите бегалци не се задржувале на територијата на
Македонија повеќе од 72 часа. Врз основа на стекнатите искуства од последната бегалска криза, и покрај предизвиците, Македонија како држава изгради систем кој се покажа како доста функционален и ефикасен во управувањето со бегалските кризи земајќи во предвид дека најчеста беше состојбата кога бегалците не ја
третираат нашата држава како последна дестинација, туку како транзитна дестинација.

Системот кој што го градевме како држва изминатите години, а кој прозлезе од искуствата од претходните бегалски кризи може да кажеме дека се покажа добар во справување со кризи во која бегалците само транзитираат низ нашата земја, но оттука се поставува прашањето дали Македонија има систем за постапување доколку бегалците не ја третираат нашата земја како транзитна и пројават интерес да останат во државата.

Во Април 2018 година донесен е нов Законот за меѓународна и привремена заштита во кој се третира прашањето со бегалците и се уредуваат условите и постапката за добивање на право на меѓународна заштита. Согласно истиот, бегалците кои поднеле барање за остврување на право на азил во Македонија имаат право на социјална заштита, право на здравствена заштита, право на пристап до програми за рана интеграција, право на образование согласно со прописите за основно и средно образование и право на слободен пристап на пазарот на труд за барател на право на азил за чие барањето за признавање на право на азил не е донесена одлука од страна на Секторот за азил, во период не подолг од девет месеци по поднесувањето на
барањето за азил.

Во делот на социјалната заштита и здравствената заштита може да се каже дека државата има најдено решение преку функционирањето на двата прифатни транзитни центри за бегалци во Табановце и Гевгелија, и преку Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово каде што се обезбедува престој, бесплатна правна помош, соодветно сместување и згрижување, семејно единство, основни здравствени услуги согласно со прописите за здравственото осигурување и право на социјална заштита согласно со прописите за социјалната заштита. Сепак, делот на право на образование и право на слободен пристап на пазарот на труд за барател на право на азил државата нема изградено систем за справување со бегалци кои имаат поподнесено брање за азил и би се задржале во поголем временски период во државата.

Имено, Министерството за образование се уште нема донесено програми за учење на Македонскиот јазик и програми за проценка на знаењето
и квалификациите на барателите на азил кои понатаму би требало согласно Законот за меѓународна и привремена заштита и Законот за образование да се интегрираат во системот за образование преку што истите во иднина би биле дел од пазарот на трудот.

Дополнително, Министерството за внатрешни работи во делот на слободен пристап на пазарот на трудот нема изнајдено решение за издавање на матични броеви на бегалците кои ќе поднесат барање за остварување на право на азил во државата врз основа на што Агенцијата за вработување би издала дозвола за работа на овие лица.тоа ќе треба да се прави во иднина од страна на новата Влада! Сето ова значи дека во услови на бегалска криза во која бегалците би се задржиле во државата на подолг временски период, државата нема систем како би остварила полза од овие лица земајќи во предвид дека истите не би можеле да се вклучат на пазарот на трудот ниту пак да се вклучат во процесот на образование. Овие лица ќе станат дополнителен терет на државата и на
така слабиот и „реформиран“ социјален систем.

Актуелната Влада не покажа интерес да изгради систем кој ќе ги опфати овие бегалци во сите можни сценарија на нивен престој во државата, а како потврда на истото е не носењето на Владата на националната стратегија за бегалци и странци во Република Македонија. Оттука, може да заклучиме дека на Македонија на следните избори и е потребна Влада која нема да носи само Закони, туку истовремено ќе се грижи и за нивната практична примена, Влада која нема да носи Закони без стратегија за нивна примена и кои дополнително ќе го оптеретуваат општествениот систем.

Колумна на

Проф. д-р Лазар Јовевски