понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германски министер за здравство: Коронавирусот стана светска пандемија

Германски министер за здравство: Коронавирусот стана светска пандемија

Германската Влада денеска процени дека светот се соочува со пандемија од новиот коронавирус и потврди дека ситуацијата ја смета за „многу сериозна“ со оглед дека тоа дека бројот на заразени не престанува да се зголемува.

-Епидемијата на новиот коронавирус во Кина се претвори во светска пандемија, рече министерот за здравство Јенс Шпан пред германскиот Парламент во Берлин.

Соочен со здравствена криза, министерот ја потврди подготвеноста на Владата „да го забави и ограничи ширењето на новиот коронавирус  во Германија и регионите погодени од тој вирус.“

Паралелно со зголемувањето на бројот на заразени пациенти кои се примени во болници, германскиот министер, меѓу другото, ја објави можноста за одложување на некои операции што не се итни. (МИА)