сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена во МЗ од колеги на кои им се заканила со откази!

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена во МЗ од колеги на кои им се заканила со откази!

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот уште минатиот понеделник од свои колеги била пријавена во министерството за здравство, дознава „Фокус“ од свои извори.

Според информациите на Фокус, таа била на скијање во Италија, ама пред неколку денови присуствувала на симпозиум во Рагуза. Откако се вратила, настанале конфликти на клиниката меѓу неа и нејзините колеги, кои упорно барале таа да се пријави, но наместо тоа, директорката им се заканувала со откази, ако некој го стори тоа.

Во моментот, таа е на Клиниката за инфективни болести, а коронавирусот им се заканува на сите вработени, како и на пациентите кои во таа една недела циркулирале на клиниката или пак биле хоспитализирани таму.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција го потврди случајот и истакна дека е максимално разочаран од односот на неговата колешка, која требало да преставува пример за граѓаните. Тој најави и санкции за ваквото однесување.

Најнови вести