Националната галерија денеска соопшти дека поради потенцијалното ширење на коронавирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, откажано е најавеното отворање на двете изложби „Соблечени, женскиот акт како контекст“ и „Паднати ангели“.
– Сите посетители, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела (освен понеделник) ќе можат индивидуално да ги погледнат изложбите во Чифте амам, се вели во соопштението од Националната галерија.
Изложба „Паднати ангели“ на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин е во рамки на одбележувањето на Деновите на франкофонијата, во организација на Амбасадата на Канада и Националната галерија.
Изложбата „Соблечени, женскиот акт како контекст“ е од колекцијата на Националната галерија и беше организирана по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.