сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италија ги затвора сите продавници освен оние за храна и аптеките

Италија ги затвора сите продавници освен оние за храна и аптеките

Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека сите трговски објекти во Италија ќе бидат затворени до 25 март. Исклучок се продавниците за храна и аптеките.

Мерката е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Во телевизиско обраќање Конте нагласи дека фирмите треба да ги затворат сите оддели што не се одлучувачки за прооизводството.

Се затвораат сите продавници, козметички салони, барови и ртесторани. Градскиот транспорт ќе продолжи со работа како и банките.

– Ќе го анализираме ефектот од мерките за две недели, изјави премиерот. Конте вчера објави карантин врз целата територија на државата до 3 април.