недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанија најави прогласување вонредна состојба

Шпанија најави прогласување вонредна состојба

Владата на Шпанија денеска ќе прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот. Секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Педро Санчез.

Состојбата на подготвеност, како што соопштија локални телевизии, претставува прв од трите степени на вонредна состојба во земјата.

Првата фаза ќе трае 15 дена, за кое време ќе се прават подготовки за евентуална изолација или евакуација на населението.

Бројот на новозаразени се зголеми за една третина за едно деноноќие и сега изнесува 4.209 заразени, со 120 смртни случаи. До вчера попладне имаше 3004 заболени и 84 смртни случаи.