петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанец им се заканувал на вработени во пекарница и им пукал во автомобилите

Охриѓанец им се заканувал на вработени во пекарница и им пукал во автомобилите

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста“.

Во периодот од 01.03.2020 од 20:30 часот до 02.03.2020 до 07:30 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, пријавениот од тераса од стан, од огнено оружје во негова сопственост, испукал неколку куршуми од кои четири проектили завршиле во паркирани патнички возила, сопственост на пекарница.

По овој настан, на 03.03.2020 Г.А. упатил сериозни закани кон Љ.Н. и други вработени  во пекарницата, со што предизвикал чувство на загрозеност на сигурноста и страв кај Љ.Н. и вработените.