недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сенатот одобри пакет мерки за помош на Американците поради опасноста од коронавирусот

Сенатот одобри пакет мерки за помош на Американците поради опасноста од коронавирусот

Американскиот Сенат синоќа со мнозинство гласови „за“ го усвои законот со кој се предвидува стотици милијарди долари финансиски средства што се потребни за борба со коронавирусот, како бесплатно тестирање, исплати за боледувања и зголемени расходи за социјална заштита.

Законот е испратен во Белата куќа на потпис кај претседателот Доналд Трамп.

Во Конгресот сега се разгледуваат дополнителни мерки за стимулација на американската економија кои се предвидува да бидат во висина од над илјада и триста милијарди долари (1.3 билиони долари), многу повеќе од мерките донесени од Конгресот за време на финасиската криза во 2008 и 2009 година.

По препорака на Министерството за финансии, во одобрениот пакет мерки се вклучени и исплати во две транши на милиони американски семејства во висина од 2.000 долари по домаќинство, а во вкупна сума од 250 милијарди долари.