Три лица се уапсени вчера вечерта на улицата ул.„Тодор Александров“ во Скопје.
Од МВР информираат дека во 21.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Т.(23), М.Б.(21) и С.Ѓ.(27) сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.