сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стотици лица се тестираат на коронавирусот кај професорот Раулт во Марсеј

Стотици лица се тестираат на коронавирусот кај професорот Раулт во Марсеј

Стотици млади и повозрасни лица, од кои некои во очигледно добра здравствена состојба, другите очигледно болни: наспроти епидемијата со коронавирусот, создадоа долга редица пред институтот за заразни болести во Марсеј за да се тестираат од тимовите на професорот Дидие Раулт, јави дописникот на МИА.

Во ултра модерните простории, во рамките на болницата  Ла Тимоне, сите се добредојдени. Тука не се применуваат националните упатства што ги резервираат овие тестови за медицинскиот персонал и слабите лица. Некои од луѓето пристигнаа пред институтот уште пред 7 часот наутро. Тестот е многу брз: „вртење во длабочината на носот со стапче и памук и се е готово. Ако лицата се контаминирани за 48 часа се контактирани преку телефон “.

Повеќето од луѓето кои дојдоа да чекаат се маскирани. До средината на утрото имало околу 300. На портите на зградата висеше транспарент, кој му оддава посебна почит на д-р Разафиндранази, докторот ургентист кој почина во од Компиењ (Оаз) од овој нов коронавирус: „Поддршка за семејството, поддршка за професорот Раулт, медицинскиот персонал и болничарите“ , беше напишано со големи букви.

Директорот на институтот за заразни болести, Дидие Раулт ги поттикна луѓето  да дојдат на тестирање. Веќе неколку недели тој зборува и се залага во прилог на масовна политика за тестирање. И тој го стори тоа повторно во неделата, во заедничка изјава со пет други професори и доктори од овој универзитетски болнички институт посветен на заразни и тропски заболувања:

-Во согласност со заклетвата на Хипократ, што ја зедовме, (…) решивме, за сите фебрилни пациенти кои доаѓаат да се консултираат со нас, да се направат тестови за дијагностицирање на инфекција со „Ковид-19“.

Тој, исто така, ја брани употребата на антималарискиот лек, хлорокин, за лекување на Ковид-19, и покрај тоа што се во тек студии за оваа можност.

Лекарите кои го потпишаа соопштението објавија дека сите пациенти со „Ковид-19“, „од кои многумина имаат мал симптом имаат оштетување на белите дробови при скенирањето“, ќе бидат третирани со комбинација на хидроксихлорокин – дериват на хлорокин и азитромицин. „Во случаи на тешка пневмонија, исто така, е поврзан антибиотик со широк спектар“, додаваат лекарите.

Фактот дека е можно да се тестира директно во институтот, се споменува на социјалните мрежи последниве денови во многу пораки. Сепак, во соопштението за печатот, Регионалната здравствена агенција потсетува дека „во епидемиска фаза, принципот е веќе да не се прави систематски тестирање“.