понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Саудиска Арабија воведува полициски час

Саудиска Арабија воведува полициски час

Саудиска Арабија денеска воведе полициски час ширум земјата откако беше регистриран раст на бројот на заболени од коронавирусот за речиси четвртина, јавија државните медиуми.

Саудискиот крал Салман нареди полициски час од 7 до 18 часот во следните 21 ден, за да се спречи ширењето на вирусот низ земјата. Секој кој ќе ја прекрши забраната за движење ќе биде казнет со 10.000 ријали ( 2.665б долари), а оној кој ќе го повтори делото ќе се соочи со затворска казна до 20 дена.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицискиот час ќе биде надгледуван од безбедносните сили, а во одредени случаи може да бидат повикани и воените власти.

Во Саудиска Арабија денеска беше регистриран 51 нов случај на заразен со Ковид-19, со што вкупниот број се зголеми на 562.