вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вртоглаво расте бројот на жртвите од коронавирусот во Шпанија, заразени околу 40.000 лица

Вртоглаво расте бројот на жртвите од коронавирусот во Шпанија, заразени околу 40.000 лица

Шпанија регистрираше речиси 2.700 жртви од коронавирусот, 514 жртви повеќе од претходниот ден, и речиси околу 40.000 заразени едно зголемување од 19,8% во последните 24 часа, со околу 6.584 новозаразени, според шпанското Министерство за здраство.

Речиси 3.800 лица оздравеле, а 2.636 остануваат под надзор на Единиците за интензивна нега.

-Се наоѓаме во една тешка недела. Ова е недела во која треба да работиме на начин да притисокот врз здраствениот систем да не биде преоптоварен. Станува збор за работа која сите терба да ја постигнеме со успех, истакна кординаторот од министерството за здраство Фернандо Симон.

-Се надеваме дека, со острите мерки кои што ги презедовме, во наредните денови треба да го постигнеме пикот на епидемијата и да почеме да забележуваме што помал број на заразени, дадал тој.

Тој исто така откри дека до сега со новиот коронавирус се заразиле речиси 5.400 медицински лица.

Кординаторот од Министерството за здраство објасни дека најголемиот број на ново заболени се откриени во Мадрид, каде што моментално има 12.352 заразени и во Каталонија каде што бројот на заразени изнесува 7,864, меѓутоа и во другите делови во Шпанија постои значително зголемен број на заразени со коронавирус.