Од почетокот на спроведувањето на ограничувањата за слобода на движење – 16 март, бројот на невработени во Австрија се зголеми за 138.000.
Директорот на Службата за вработување, Јоханес Копф, изјави дека биле отпуштени 115.600 луѓе до понеделникот, а сега тој број пораснал за уште 23.000.
Најголем број има во гастрономијата, повеќе од 47.000, по што следи градежништвото со 17.000, бидејќи работата на поголемиот дел од градилиштата е стопирана.
Австриската Влада ги повика претприемачите да не ги отпуштаат своите вработени, туку да ја искористат можноста за скратено работно време воведено со новите закони, кои треба даосигураат работни места, со што е можно помал товар на работодавачот.