вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Франција изрече над 225.000 казни за непочитување на забраната за излегување

Франција изрече над 225.000 казни за непочитување на забраната за излегување

Силите на редот казнија повеќе од 225 000 лица поради непочитување на мерките за ограничување, јави дописникот на МИА.

Од спроведувањето на строги мерки на ограничување за борба против епидемијата на коронавирус на 16 март, извршени се околу 3,7 милиони проверки низ цела Франција, рече министерот за внатрешни работи, кој процени дека ограничување треба „да продолжи сè додека не победиме во борбата против вирусот“.

Казната за непочитување на мерката изнесува 135 ева, која во случај на повторно непочитување може да достигне 1500 евра, а забележани се и мерки на притвор за лица кои на повеќе пати ја прекршиле.