недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Франција нови 319 починати од коронавирусот, се увезуваат над милијарда заштитни маски

Во Франција нови 319 починати од коронавирусот, се увезуваат над милијарда заштитни маски

Во Франција од коронавирусот во последните 24 часа во болниците починале 319 луѓе, со што бројот на вкупно починатите достигна 2.314 лица, покажуваат податоците објавени во саботата на интернет страницата на владата, а министерството за здравство објави дека ќе бидат увезени повеќе од милијарда заштитни маски од Кина.

Според најновите податоци коишто зборуваат за 37.575 потврдени случаи на коронавирус во Франција, 17.620 пациенти се сместени во болниците, што претставува раст од 1.888 лица. Од вкупниот број заболени, 4.273 пациенти се на одделите за интензивна нега, што е нов пораст од 486 лица во само еден ден.

Во обидот да се спречи ширењето на вирусот, француските власти најавија дека ќе ја продолжат мерката за ограничување на движењето на граѓаните, којашто стапи на сила на 17-ти март, дури 52 дена по откривањето на првата инфекција. Ограничувањето на движењето на Французите сега се продолжува за уште две седмици, и ќе биде на сила до 15-ти април.

Франција нарачала „повеќе од милијарда“ заштитни маски, во прв ред од Кина, за да може да се справува со епидемијата од коронавирусот, изјави во саботата министерот за здравство, Оливие Веран.

„Меѓу Франција и Кина е воспоставен цврст и интензвине воздушен мост поради добавување на маските на наша територија“, рече министерот на прес-конференција, потсетувајќи дека Франција има потреба од 40 милиони маски седмично.