Американскиот кантри пејач Џо Дифи кој врвот на кариерата ја доживеа во ’90, почина по компликации од коронавирус, соопшти неговиот издавач.
Шеесет и едногодишниот пејач од Оклахома снимил 13 албуми и имал над 20 Топ 10 хитови.
Два дена пред смртта, Дифи соопштил дека е позитивен на коронавирус и дека се лекува.
-Моето семејство и јас бараме приватност во ова време. Сакаме да ја потсетиме јавноста и сите мои обожаватели да бидат внимателни за време на пандемијата, навел Дифи во соопштението пред да почине.