Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 14:10 часот се случила на регионалниот пат Плачковица-Штип, пред крстосницата за село Козјак.
Од полицијата информираат дека Д.В.(65) од село Таринци – oпштина Карабинци, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво.
-Од екипа на Итна медицинска помош било констатирно дека Д.В. починал на местото на настанот, информираат од МВР.
Увид е извршен од увидна екипа на СВР Штип и jавен обвинител.