недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Годин ќе го напушти Интер поради Конте

Годин ќе го напушти Интер поради Конте

Дефанзивецот Диего Годин летово ќе го напушти Интер. Според новинарот Фабрицио Романо, Уругваецот не можел да се прилагоди на тактичкиот систем на тренерот Антонио Конте.

Интер ќе го купи Мараш Кумбула од Верона за да го замени Годин.

Оваа сезона, Годин играше на 25 натпревари и оствари една асистенција, а Кумбула има 19 настапи и постигнато еден гол.