четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск предупреди на опасноста од семејно насилство врз жените

Папата Франциск предупреди на опасноста од семејно насилство врз жените

Папата Франциск денеска предупреди дека жените во време на ограничено движење поради пандемијата со новиот коронавирус, изложени се на поголема опасност од семејно насилство.

Поглаварот на Римокатоличката црква наведе дека жените „понекогаш се изложени на насилство во текот на соживотот, чиј преголем товар го носат“. Тој повика и на молитва за жените.

Италијанската Влада деблокира триесетина милиони евра за превенција на насилството над жените во време на ограничено движење.