сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Крај на ракометната сезона во Франција, ПСЖ прогласен за шампион

Крај на ракометната сезона во Франција, ПСЖ прогласен за шампион

Националната ракометна лига на Франција (ЛНХ) го официјализира крајот на сезоната 2019-2020 година на Лидл Старлиг, како и на Пролигата (Д2), откако сите надежи за продолжување на натпреварувањето беа уништени по последниот говор на Емануел Макрон, во кој беше потврдено дека ограничувањата ќе бидат продолжени до 11 мај, а големите настани митинзи се одложени до следниот јули, јави дописникот на МИА.

Предвремениот крај на сезоната доведе до крунисување на ПСЖ за шампион на Франција за сезоната 2019/2020, со што директно се квалификуваше во Лигата на шампионите.

По 18 кола, клубот од француската престолнина беше непоразен и имаше шест бода предност пред Нант, на Кире Лазаров. Нант би требало да го добие својот билет за најпрестижното европско натпреварувања. Екипите на Ним, Монпелје и Тулуз, се квалификуваа во Европската лига (Ц2, поранешен Куп на ЕХФ).

Во однос на сезоната 2020-2021, за да се олесни закрепнувањето во комплицирани економски услови, НХЛ одлучи да  сите клубови што учествуваа во првенството оваа сезона да останат во првата лига. Цесон-Рен и Лимож  од 2-рата Пролига влегуваат во Лидл Старлиге, и и се приклучуваат на елитата, отсега составена од 16 екипи, се вели во соопштението од Француската ракометна федерација.

Фудбалската и рагби федерацијата се уште се надеваат да ја завршат сезоната.