недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

753 нови смртни случаи од коронавирус во Франција

753 нови смртни случаи од коронавирус во Франција

Во Франција од почетокот на епидемијата со Ковид-19 починаа 17. 920 лица, односно 753 нови смртни случаи за последните 24 часа, јави дописникот на МИА.

Според информациите кои ги даде генералниот директор за здравство Жером Саломон, од вкупно 17.920 смртни случаи, 11.060 се регистрирани во болниците, додека 6.860 во старските домови и социјалните установи.

Вечерва на болничко лекување се наоѓаат 31.305 лица, од кои 6.248 на интензивна нега.

Франција, според Жером Саломон, и покрај намалувањето на хоспитализираните пациенти и тие примени на интензивна нега, „се уште се наоѓа на платото, а не на врвот од епидемијата“.

Околу 32.000 лица се излекувани од почетокот на епидемијата.

Од Ковид-19 во Франција, според направените тестови официјално биле заразени 108.847 лица.