петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Јужна Америка повеќе од 100.000 луѓе заразени со Ковид-19

Во Јужна Америка повеќе од 100.000 луѓе заразени со Ковид-19

Во Јужна Америка од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус инфицирани се 109.000 луѓе, од кои 4.900 починале, се наведува во официјалните податоци за континентот.

Најголем број на инфицирани и починати има во Бразил, каде 38.654 се заразени со Ковид-19, од кои 2.462 починале. Во Перу инфицирани се 15.628 лица, од кои 400 починале, додека во Чиле се регистрирани 10.088 лица позитивни на Ковид-19 и 133 смртни случаи.

Мексико, која е втора најнаселена држава во Јужна Америка, регистрирани се 8.261 пациенти, од кои 686 починале.

Во Еквадор регистрирани се 9.468 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 474 починале.