Овогодишниот Октоберфест е отказан поради пандемијата на новиот коронавирус, соопштија властите во германската покраина Баварија.
Познавачите оценуваат дека откажувањето на светски познатиот пиво-фестивал, ќе има огромно влијание на економијата на градот Минхен. Обично, во тоа време од годината, најмалку шест милиони луѓе ја посетуваат Баварија.
Фестивалот којшто трае две недели, и се одржува под шатори со долги дрвени маси, на Минхен му носи приход од над милијарда евра годишно.