четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ноер се врати на теренот на неговиот роденден

Ноер се врати на теренот на неговиот роденден

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер по подолго време надвор од  теренот, денеска почна со тренинзи.

Германскиот репрезентативец кој денес полни 32 години, под водство на тренерот за фитнес и рехабилитација, Томас Вилхелми одработи две десетминутни сесии.

Ноер е надвор од фудбалот од септември минатата година поради сериозна повреда на стапалото. Тој очекува да се врати во форма и да брани за германската репрезентација на Светското првенство 2018 година.

Германија на Мундијалот во Русија е во групата Ф заедно со Мексико, Шведска и Република Кореја.