петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендарниот голман се враќа меѓу стативите

Легендарниот голман се враќа меѓу стативите

Легендарниот голман на Баерн Минхен Мануел Ноер, конечно се враќа на терените и ќе биде во комбинација за настап на следниот меч од Бундеслигата.

Баварците ќе се соочат со Дармштад и ќе бидат огромни фаворити, а публиката конечно ќе има можност да го види и својот миленик меѓу стативите. Ноер доживеа тешка скршеница на коленото пред десетина месеци и беше во долг процес на рехабилитација, но сега е повторно „фит“ и ќе му се стави на располагање на тренерот Тпмас Тухел.

Стратегот веќе изјави дека доколку ништо драматично не се случи на тренинзите, Ноер ќе биде стартер на дуелот со Дармштадт и Баерн ќе тргне по нови сигурни три бода во Бундеслигата.