петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Земјотрес го стресе Крит

Земјотрес го стресе Крит

Околу часот утрово по локално време, на грчкиот остров Крит бил регистриран земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтер, без засега да има информации за материјална штета или повредени, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил осум километри источно од градот Ситиа во источниот дел на островот.