сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТАТКО МОНСТРУМ: Поради коронавирусот излегол од затвор, па си ја убил 9-годишната ќерка (ФОТО)

ТАТКО МОНСТРУМ: Поради коронавирусот излегол од затвор, па си ја убил 9-годишната ќерка (ФОТО)

Маж од Турција кој што бил осуден на казна затвор бидејќи со нож ја повредил својата сопруга, со амнестија од страна на владата поради корона вирусот бил предвреме ослободен.

Но после излегувањето на слобода, Муслум Аслан во вторникот си ја убил својата 9-годишна ќерка.

Имено тој бил уапсен пред една година кога со нож ја повредил својата 33-годишна сопруга, а откако беше ослободен, отишол во домот на сопругата и се обидел на сила да ги земе трите деца.

Започнала крвава расправија, каде што 9-годишното девојче било претепано до смрт од страна на нејзиниот татко. Тој веднаш бил уапсен од страна на полицијата, а девојчето веднаш било префрлено во болница, но од здобиените повреди починало.

Неутешената мајка која побарала развод за време на распитот открила дека децата биле постојано тепани од нивниот татко.

-Поголемата ќерка ја удри од ѕидот па после тоа со цевка ја удри во главата, оставајќи ја целата во крв, па се дде во бегство. Мојата ќерка почина, но јас барам тој лошо да биде казнет, рекла мајката на починатото девојче.