среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Попладнево пукање во Тетово: Уапсено лице кое се барало за издржување 6-годишна казна затвор

Попладнево пукање во Тетово: Уапсено лице кое се барало за издржување 6-годишна казна затвор

Во Тетово попладнево полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 38 годишник да избега, при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово. Настанот се случил на улицата Јане Сандански околу 16 часот.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода В.Ф (37) од скопското село Студеничани по кого имало распишана централна потерница за издржување на 6 годишна затворска казна за сторено кривично дело трговија со луѓе. Пред да биде лишен од слобода В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.