вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес во близина на грчки остров

Силен земјотрес во близина на грчки остров

Во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, кусо пред 16 часот по локално време, беше регистриран земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер, согласно Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на 55 километри јужно од градот Иерапетра на Крит, а според локалните медиуми, освен што бил силен, траел долго, а бил почувствуван во повеќе градови во североисточниот и југоисточниот дел на островот, јави дописничката на МИА од Атина.

Десет минути подоцна, во близина бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4.4 степени.

Засега, нема информации за повредени или за причинета материјална штета. (МИА)