среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кај скопјанец за време на полицискиот час пронајдена марихуана

Кај скопјанец за време на полицискиот час пронајдена марихуана

За време на забраната за движење, полициските службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(31) од Скопје и при извршниот преглед кај него пронашле марихуана.

-Вчера во 19:10 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ кај мостот “Обединети нации“ го лишиле од слобода Д.П.(31) од Скопје и при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, информира Министерството за внатрешни работи

Оттаму дополнуваат дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.