Марко Ѓуриќ едвај извлече жива глава од Косово. Снимките од бруталниот упад на припадниците на РОСА единицата во Митровачкиот двор го обиколија регионот.
Меѓу оние кои го држеа оружјето и нишанеа на народот, како што пренесуваат косовските медиуми, била и Маригона Беадини, блиска пријателка на Рамуш Харадинај и некогашна боксерска шампионка.
Маригона го претставуваше Косово на меѓународниот натпревар во бокс и карате, после што решила да се придружи на РОСА, се наведува во текст на „бота.сот“.
Фотографите на социјалните мрежи од почетокот на кариерата на кои Беадини е прегрната со Харадинај покажува дека некогашниот командант на ОВК од самиот старт ја поддржувал својата миленичка и дека е подготвен да и повери и најделикатни задачи.
Според приштинските медиуми, Маригона е единствена членка на злогласната единица РОСА.