На регионалниот пат Прилеп – Битола кај с.Ношпал, вчера утрината било пријавено дека В.П.(33) од Битола, управувајќи патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Н.(43) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот, по што биле пренесени во Клиничкиот центар Битола за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Прилеп.