Истражувачите од Универзитетот во Гент веруваат дека со генетските разлики меѓу жителите може да се објасни зошто повеќе луѓе починале во некои земји поради вирусот Ковид-19.
Според нив, ова може да објасни зошто скандинавските или источноевропските земји се помалку погодени од другите земји, пишува белгиски „Ла Либре“.
Весникот посочува дека во скандинавските земји бројот на смртни случаи од коронавирусот е многу помал од просекот, и дека во балканските земји бројот на умрени е релативно мал. Од друга страна, коронавирусот тешко ги погоди северна Италија, Шпанија и Њујорк.
Експертите заклучуваат дека сериозноста на пандемијата е под влијание на одредени генетски карактеристики. Поточно, тие ја откриле врската меѓу генот ACE1 и развојот на вирусот и заклучиле дека колку повеќе луѓе во една земја имаат Д полиморфизам на тој ген, толку помалку смртни случаи од коронавирусот има во таа земја.
Полиморфизмот, патем, е појава на повеќе варијанти на истиот ген во рамките на една популација.
„Колку понатаму одиме кон истокот на Европа почест е полиморфизмот на генот ACE1 D“, објасни професорот Јoрис Деланж, посочувајќи дека сериозноста на епидемијата Ковид-19 се намалува одејќи од западна кон источна Европа.
Научниците сметаат дека дури 41 отсто од разликите во јачината на пандемијата во одделни земји може да се објасни со зачестеноста на полиморфизмот.