понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Словенија целосно ја отвори границата за хрватските државјани

Словенија целосно ја отвори границата за хрватските државјани

Хрватите можат без посебни процедури слободно да влегуваат во Словенија и за тоа да ги користат сите гранични премини кои повторно се отворени, јави дописникот на МИА до Љубљана.

Ваквата одлука ја донесе Владата по препорака на Националниот институт за јавно здравје која утврди дека Словенија и Хрватска имаат слична епидемиолошка слика и дека двете држави успешно се справуваат со епидемијата на новиот коронавирус.

Од минатата недела Хрватска дозволи и словенечките граѓани да можат да влегуваат во земјата, а први тоа го направија оние кои имаат имот во соседната земја.