сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светските јавни сервиси за борбата против ширењето лажни вести за Ковид-19

Светските јавни сервиси за борбата против ширењето лажни вести за Ковид-19

Меѓународните јавни сервиси ја истакнаа својата улога во борбата против ширењето на дезинформации за новиот коронавирус.

Во денешното заедничко соопштение, на седумте јавни сервиси од САД, Европа, Канада, Јапонија и Австралија, се истакнува дека нивните редакции „се мобилизирале во борбата против ширење, посебно на социјалните мрежи, на лажни вести за болеста и нејзино лекување“.

Јавните сервиси – Франс медиа монд, Дојче веле, Би-Би-Си ворлд сервис, НХК ворлд, Си-Би-Ес Радио Канада и Еј-Би-Си Австралија и американската агенција Глобал медиа, во чии рамки работат и Гласот на Америка и Радио Слободна Азија, наведуваат дека забележале зголемен број на слушатели за време на пандемијата.

Тие истакнуваат дека повеќе од една милијарда луѓе секоја недела ги следат нивните емисии.