Во последниве 24 часа во земјава починале 7 пациенти позитивни на вирусот Ковид-19, јавува телевизија Алсат-М.
Според информациите на телевизијата, 6 од нив починале во болницата „8 Септември“, а еден во Клиниката за инфективни болести. Со ова вкупниот број починати во нашата земја достигна 140.
Дел од медиумите јавуваат пак, дека во земјава во изминатите 24 часа се регистрирани осум смртни случаи.