На 02.06.2020 во 16.38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосеци, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во Е.О. од Авганистан.
-Притоа, Е.О. се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Неготино.