четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Штипскиот татко Бочварски призна: „Имавме мало опуштање…“

Штипскиот татко Бочварски призна: „Имавме мало опуштање…“

На прашањето на што се должи зголемениот број на случаи на коронавирус во Штип во последната недела, во емисијата „10МИНУТИ“  на ТВ 21 градоначалникот Благој Бочварски призна дека „имале мало опуштање“, по што следувала ескалацијата ан заразени.

„Имавме опуштање после тој прв бран, и затоа сега имаме зголемување на случаите. Но сега луѓето брзо сфатија дека ситуацијата е алармантна, и затоа мислам дека ги почитуваат мерките, иако, за жал, има и такви кои не се придржуваат до мерките и не веруваат во вирусот“, рече Бочварски.