Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин не бил во добри односи со претседателот на Реал, Флорентино Перез при престој на „Сантијаго Бернабеу“ и поради него си заминал од Мадрид, соопшти таткото на аргентинскиот интернационалец.
– Перез беше причина Гонзало да го напушти Реал. Гонзало дефинитивно не му се допадна. Мислам дека Карим Бензема, Кристијано Роналдо и Игуаин би можеле да направат многу. Пред два месеци сите го критикуваа Роналдо. Бензема постојано се напаѓа. Последните 10 години Роналдо и Меси доминираат во изборот за „Златна топка“, додека најдобрите напаѓачи во Европа се Бензема, Игуаин, Левандовски, Единсон Кавани и Луис Суарез. Сите се критикувани, додаде таткото на аргентинската ѕвезда.
Вечер од 20:45 часот Јувентус го пречекува Реал во Торино во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.
Двете екипи на „Алијанц Стадиум“ влегуваат со добри серии, Јувентус е во низа од седум средби без пораз, Реал на последните четири не бил совладан.