Црна Гора ќе испрати 30 војници во НАТО силите за брзо реагирање (NATO Response Force), објави на Твитер црногорската мисија во Северноатлантската алијанса.
Покрај оперативната улога, НРФ ќе може да се користи за поголема соработка во образованието, обуките, вежбите и технологијата.
– Со испраќање на војници во НАТО, Црна Гора активно ќе придонесе за системот на колективна безбедност, развој на способностите и капацитетите на Алијансата, а со тоа и за директно унапредување на безбедноста, просперитетот и стабилноста на државата, соопшти Мисијата на Црна Гра во НАТО.