сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пеколот во оваа држава допрва доаѓа: Поради грешка во системот испуштени над 30 илјади луѓе позитивни на коронавирусот

Пеколот во оваа држава допрва доаѓа: Поради грешка во системот испуштени над 30 илјади луѓе позитивни на коронавирусот

Грешка во компјутерскиот систем во Чиле довела до пропуштање на повеќе од 31.000 потврдени случаи на заразени од коронавирус, или на речиси шестина од вкупниот број досега евидентирани, соопштија здравствените власти во земјата.

Случаите, откриени за време на прегледот на базите на податоци на Министерството за здравство, биле потврдени кон средината на март, кога почна епидемијата во Чиле, соопштија вчера чилеанските здравствени власти.

-Откривме дека има значаен број луѓе кои не се информирани или чиј статус не е процесуиран, изјави д-р Рафаел Араос, член на експертската комисија која ја советува владата.

„Оваа група на непријавени случаи има позитивни тестови за ПЦР, па затоа треба да се бројат во потврдените случаи“, рече Араос. До конфузија дојде откако драстично се зголеми бројот на случаи, што во просек изнесува над 5.000 дневно.

Чилe денеска пријави дека има регистрирано вкупно 184.449 инфекции и 3.383 смртни случаи од оваа болест.

– Дополнителни 31.412 случаи, откриени со проверката, властите утре ќе ги додадат на вкупната бројка на заболени во земјата, рече Араос.

Јужна Америка е новиот епицентар на глобалната епидемија на коронавирусот, а особено тешко погодени се Чиле, Перу и Бразил.