среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Австралиските здравствени власти сакаат за 10 дена да тестираат 100.000 лица во предградие на Мелбурн

Австралиските здравствени власти сакаат за 10 дена да тестираат 100.000 лица во предградие на Мелбурн

Австралиските здравствени власти ќе почнат со тестирање од врата до врата на повеќе од 100.000 жители во едно предградие на Мелбурн, каде се појави жариште на коронвирусот, што се заканува да го поништи досегашниот успех на Автралијанците во борбата против вирусот.

Државата Викторија денеска соопшти за 33 нови случаи, што е најголемото дневно зголемување во повеќе од два месеца.

Премиерот Даниел Ендрус вели дека целта на тестирањето е да се соберат примероци од половина од сите жители во 10 предградија на Мелбурн. Според него, целта е да се тестираат 10.000 луѓе дневно во следните 10 дена. Тестовите се бесплатни и премиерот ги повикува луѓето да се тестираат и да го разберат како граѓанска должност.

Во оваа операција помагаат повеќе од 1.000 воени лица, додека другите држави ќе помогнат во обработката на резултатите од тестот.

Австралија досега регистрира над 7.500 случаи на заразени од коронавирус, како и 104 смртни случаи.