Од водите на Охридското Езеро на ул.„Кеј Македонија“ вчера околу 14 часот беше извлечено безживотно тело на С.Ј.(49) од Охрид.
Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт.
-За настанот е известен јавен обвинител. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј кој бил под дејство на алкохол, и околу 14,00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.