сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тројца повредени по престрелката во Мала Речица донесени во тетовската болница, едно лице итно пренесено во Ургентен центар во Скопје

Тројца повредени по престрелката во Мала Речица донесени во тетовската болница, едно лице итно пренесено во Ургентен центар во Скопје

Директорот на болницата во Тетово, Флорим Бесими, за Portalb.mk потврди дека во денешниот настан во тетовска Мала Речица, кај седиштето на ДУИ, има тројца ранети.

Тој рече дека засега не е познато дали има и починати лица, додека пак еден од повредените е во критична состојба и е испратен во скопската Клиника.

Бесими за порталот додал дека не може да открие повеќе детали бидејќи се прави увид од страна на полицијата и истражните органи кои се на терен.

Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица по што започнала вооружена пресметка.

Првичните информации со кои располага МВР, може да ги  прочитате ТУКА.

Најнови вести